Достапни линкови

Кипарските Турци бараат обнова на преговорите


 Дервиш Ероглу

Дервиш Ероглу

Претседателот на Турската Република Северен Кипар, Дервиш Ероглу денеска побара итно возобновување на преговорите на двете кипарски заедници за надминување на проблемот на поделениот остров.
Турската Република Северен Кипар е призната само од Република Турција.
Според Ероглу, на „јужниот (грчки) дел од Кипар“ преовладува расположение за пролонгирање на преговорите, поради што не е познато дали тие ќе продолжат во октомври како што е предвидено.
Лидерот на кипарските Турци смета дека кризата што го тресе грчкиот дел на Кипар би можела да трае со години, па затоа таа не треба да биде изговор за одлагање на преговорите, кои, според него, би требало да почнат веднаш.
Ероглу, потсети дека кипарските Грци го отфрлија предлогот за надминување на спорот што го предложија ОН за време на претходната фаза од преговорите, кои се во прекин од средината на минатата година.
XS
SM
MD
LG