Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ вознемирена од тензите пред јунските избори во Албанија


Организацијата за безбедност и соработка во Европа изрази вознемираност поради тензичната клима во Албанија во пресрет на парламентараните избори закажани за 23 јуни.
„ОБСЕ со вознемирност го следи постојаното зголемување на политичката конфронтација во услови кога очекуваме одржување конкурентен и чесен изборен натпревар“, изјави генералниот секретар на Организацијата, Ламберто Заниер.
Тој најави дека во следниве недели ОБСЕ ќе испрати своја мисија во Албанија, која ќе има за цел да ја следи изборната кампања и текот на самите избори.
Според Заниер, ОБСЕ е посебно вознемирана од засилените националистички испади кои би можеле да ја поткопаат стабилноста на целиот регион
XS
SM
MD
LG