Достапни линкови

logo-print

САД ќе ги вооружуваат бунтовниците во Сирија?


Американската администрација можеби ќе престане да се противи на вооружувањето на сиријските бунтовници. Ова го изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгел, додавајќи дека станува збор за една од опциите што Вашингтон ја разгледува со сојузниците за ставање крај на двегодишната граѓанска војна во Сирија.

Секретарот за одбрана Чак Хејгел е првиот американки функционер кој јавно призна дека се разгледува промена на ставот на Вашингтон за тоа дали треба да се вооружуваат сиријските бунтовници кои две години се борат против силите на претседателот Башар ал Асад.

Сепак, тој додаде дека лично се уште не знаел дали таквата одлука би била и мудра.
Чак Хејгел со неговиот британски колега Филип Хамонд во Пентагон

Чак Хејгел со неговиот британски колега Филип Хамонд во Пентагон


„Кога ја посматрате ситуацијата, вие ги преиспитувате сите опции. Тоа не значи и дека тоа го правите или ќе го правите. Ова се опции кои мора да бидат разгледани со партнерите, со меѓународната заедница. Што е можно, што би можело да помогне да се остварат овие цели? Ние имаме одговорност“, изјави Хејгел на заедничката прес-конференција со неговиот британски колега Филип Хамонд во Пентагон.

Соединетите Држави сега на сириските опозициски сили им даваат хуманитарна помош и воена опрема.
Ние исто така знаеме дека режимот на Асад добива не само оружје, туку и поддршка од странство и затоа сакаме да го измериме секој чекор пред заминувањето на Асад. Не би сакале таму да има долга крвава секташка војна.

Дел од американските воени команданти веќе изразија загриженост дека оружјето би можело да заврши кај антиамериканските исламистички милитанти.

Сепак, дискусиите за евентуална американска воена помош се интензивираа во минатата недела откако имаше наводи дека во сиријскиот конфликт било употребено и хемиско оружје за што меѓусебно се обвинуваат и двете страни.

Се верува дека сунитските муслимански бунтовници добиваат оружје од Катар и Саудиска Арабија, додека сиријскиот режим им е сојузник на Иран и на Русија.

Американскиот претседател Барак Обама изрази претпазливост околу можноста за снабдување со оружје на бунтовниците.

„Ние исто така знаеме дека режимот на Асад добива не само оружје, туку и поддршка од странство и затоа сакаме да го измериме секој чекор пред заминувањето на Асад. Не би сакале таму да има долга крвава секташка војна“, изјави Обама за време на посетата на Мексико Сити.
сиријскиот претседател башар ал Асад, Дамаск, 01.05.2013.

сиријскиот претседател башар ал Асад, Дамаск, 01.05.2013.


Во меѓувреме, во Њујорк генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун разговараше со амбасадорите на петте постојани членки на Советот за безбедност за надминување на ќорсокакот во меѓународните напори за запирање на конфликтот во Сирија.

До ова дојде по извештаите дека Лакдар Брахими, заедничкиот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, се подготвувал да поднесе оставка разочаран поради несогласувањата во меѓународната заедница.

Соединетите Држави и Русија имаат спротивставени ставови за конфликтот што оневозможува унифицирана меѓународна кампања. Вашингтон бара сиријската влада да си замине, додека Москва одбива секакво меѓународно мешање во Сирија.

Посредувањето на Брахими беше критикувано и од сиријската опозиција и од режимот кој одби да се договора со алжирскиот дипломат.

Во Сирија во текот на двегодишниот конфликт загинале околу 70 илјади луѓе, додека неколку стотици илјади се расселени.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG