Достапни линкови

Застрелан обвинителот на случајот Буто


Кхаудру Зулфиќар

Кхаудру Зулфиќар

Пакистанската полиција соопшти дека Обвинителот кој работеше на случајот на убиството на поранешниот премиер Беназир Буто бил смрттно застрелан.
Според полицијата, вооружено лице извршило напад врз автомобилот на обвинителот Кхаудру Зулфиќар во Исламабад додека се возел кон работното место.
Мотивот за нападот засега не е познат.
Покрај Зулфиќар при нападот била убиена и сопатничката во автомобилот.
Зуфикар го истражуваше убиството на Беназир Буто во 2007, кое според истрагата на ОН можело да биде спречено, бидејки имало недоволна безбедност. Обвинителот го обвини поранешниот претседател Первез Мушараф, кој е во домашен притвор, дека е инволвиран во убиството на Беназир Буто.
Мушараф ги одрекување овие обвинувања.
Обвинителот Зулфиќар исто така водеше случаи и против талибанците на Лашак е Таиба група вмешана во нападите врз Мумбаи во 2008 година кога загинаа 166 луѓе.
XS
SM
MD
LG