Достапни линкови

Сирија - САД го преиспитуваат спротивставувањето за вооружување на бунтовниците


Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел изјави дека администрацијата на Обама го преиспитува нивното спротивставување за вооружување на сириските бунтовници. Тој на конференцијата за новинари кажа дека вооружувањето на бунтовниците, кои две години се борат со силите на претседателот на Сирија Башар Ал Асад, е една од опциите која американската администрација ја разгледува со своите сојузници.Хејгел сепак додаде дека дека ниту тој сеуше не е убеден дали тоа би претставувало мудар и соодветен потег. Сирските бунтовници веруваат дека ќе добијата воена помош од Саудиска Арбија и Катар, додека сирискиот режим е сојузник со Иран и со Русија.
XS
SM
MD
LG