Достапни линкови

Пакистан – Убиен Обвинителот во случајот Мушараф - Буто


Пакистанската полиција соопшти дека Обвинителот кој работеше на случајот на убиството на поранешниот премиер Беназир Бутo бил смртно застрелан. Полицијата соопшти дека вооружено лице извршило напад врз автомобилот на обвинителот Кхаудру Зулфикар во Исламабад.
Мотивот за нападот засега не е познат .Зуфикар го истражуваше убиството на Буто во 2007.
Обвинителот го обвинуваше поранешниот претседател Первез Мушараф, кој е во домашен притвор, дека е инволвиран во убиството на Буто.
Мушараф ги отфрли овие обвинувања.
XS
SM
MD
LG