Достапни линкови

Бан Ки Мун разговараше со претставници на Советот за Безбедност за Сирија


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун имаше разговори со претставниците на земјите - членки на Советот за Безбедност за крајниот рок околу меѓународните дипломатски напори за ставање крај на Сирискиот конфликт. До разговорите доѓа по информациите дека Лакхдар Брахими претставникот на ОН и на Арапската Лига за Сирискиот конфликт, се подготвува да поднесе оставка, поради фрустрациите предизвикани од неможноста да се постигне меѓународен договор.
Бан Ки Мун се сретна со амбасадорите од петте земји членки кои имаат право на вето: Британија, Кина, Франција, Русија и САД.
Меѓународната акција како одговор на сириската војна е блокирана поради различните ставови на Русија и САД.
XS
SM
MD
LG