Достапни линкови

На каква храна се жалат битолчани?


Илустрација.

Илустрација.

Намалена грамажа на храна пакувана во непроменета амбалажа, производи од растително потекло кои се продаваат како млечни, неизложување на потекло на месото во месарниците, производи со поминат рок, одвај читливи декларации...

Намалена грамажа на храна пакувана во непроменета амбалажа, производи од растително потекло кои се продаваат како млечни, неизложување на потекло на месото во месарниците, производи со поминат рок, одвај читливи декларации и друго. Ова е само дел од поплаките што граѓаните, меѓу кои и поголем број битолчани, ги доставиле до Организацијата на потрошувачи и Агенцијата за храна.
Она што многу ги иритира е во самите производи што содржат грамажа помалку од килограм има намалување на тежината. Ако било 500 грама шеќер или ориз, сега има 400 грама. Ако чоколадото било 100 грама, сега е 80 грама. Нескафето два или три во едно било 18 грама, а сега 12 грама. Оптички измамува таа пазарна пракса која не е најдобро регулирана, а со тоа производот има помалку грамажа, а самото пакување останува исто.

Маријана Лончар Велкова, претседател на ОПМ вели:

„Она што многу ги иритира е во самите производи што содржат грамажа помалку од килограм има намалување на тежината. Ако било 500 грама шеќер или ориз, сега има 400 грама. Ако чоколадото било 100 грама, сега е 80 грама. Нескафето два или три во едно било 18 грама, а сега 12 грама. Оптички измамува таа пазарна пракса која не е најдобро регулирана, а со тоа производот има помалку грамажа, а самото пакување останува исто.“

Експертите велат дека голем дел од жалбите се однесуваат на млечните производи.

„Потрошувачите наидуваа на производи за кои мислеа дека е сирење или урда, а овие производи од растително потекло беа заедно поставени на тезгите во супермаркетите каде стојат и производите од животинско потекло. И сето тоа треба да биде декларирано“, додава Лончар Велкова.

Бројот на поднесени претставки од незадоволни потрошувачи е во пораст, вели Ката Стојановска од Агенцијата за храна и ветеринарство. Минатата година биле поднесени околу 200 претставки што е за 10 проценти повеќе од претходно. Добар дел од претставките се однесувале на продажбата на месо по месарниците.

„Имаше доста претставки кои се однесуваа на потеклото на месото и месните преработки. Официјалните ветеринари во своите контроли ги едуцираа трговците дека пред месните преработки и месото мора да постои потекло на месото. Така потрошувачот ќе може да направи избор дали сака да купи увезено месо од некоја друга држава“, вели Стојановска.

Деновиве во Битола се одржа обука на потрошувачите за тоа како да препознаат што храна купуваат. Беше истакнато дека присуството на бои во храната на амбалажата е обележано со Е 100, конзерванси со Е200, емулгатори со Е400 и друго.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG