Достапни линкови

ССНМ повика на протест поради новиот закон за медиуми


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија упати повик до интернет медиумите по повод утрешниот Меѓународен ден на слободата на печатот, да ги „затемнат“ своите медиуми и на тој начин да го искажат својот протест „поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на Интернет!?“
На ова реагираа Министерството за информатичко општество, и владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.
Во реакцијата на Министерството за информатичко општество се вели дека новиот закон за медиуми е подготвуван согласно европските директиви, а тие ги отфрлаат сите забелешки на Синдикатот дека постои опасност од цензура на интернет.
ВМРО ДПМНЕ, пак Синдикатот го нарече продолжена рака на опозиционата СДСМ и затоа го отфрла овој предлог закон кој ,според партијата, долг период се подготвува во целосна координација со експерти од Македонија, новинари, но и експерти од ЕУ.
XS
SM
MD
LG