Достапни линкови

logo-print

Почина еден од најстарите преживеани од холокаустот


Еден од најстарите преживени од концентрационите нацистички логори почина на 107 годишна возраст. Комитетот Маутхаусен кој ги следи преживеаните од холокаустот соопшти дека Леополд Енглајтер починал на 21 април. Тој бил јеховин сведок кој служел во три различни концентрациони логори меѓу 1939 и 1945 година. Тој имал само 28 килограми кога бил ослободен. За неговиот живот има издадено книга и филм насловена „Нескршливата волја“.
XS
SM
MD
LG