Достапни линкови

Бесими на 8 мај на средба со Аврамопулос


Заменик претседателот на македонската Влада задолжен за Европски прашања Фатмир Бесими

Заменик претседателот на македонската Влада задолжен за Европски прашања Фатмир Бесими

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими на 8 мај ќе ја посети Атина и ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Аврамопулос. Како што соопшти кабинетот на Бесими, на средбата ќе се разговара за билатералната соработка и за европските интеграции.
Претходно денеска, како што јави дописникот на МИА од Атина, посетата на Бесими ја најави грчкото министерство за надворешни работи. Други детали за средбата не се соопштени.
XS
SM
MD
LG