Достапни линкови

Македонија - Умешност на преживувањето


Илустрација.

Илустрација.

По улиците јасно се гледа намалена претпразнична еуфорија, од година в година сè повеќе, годинава речиси и целосно е сведена на формалност подготовката за еден од најголемите верски празници Велигден.

Феномен пред кој без одговор остануваат и социолозите во земјава е како денеска Македонците врзуваат крај со крај. По улиците јасно се гледа намалена претпразнична еуфорија, од година в година сè повеќе, годинава речиси и целосно сведена на формалност подготовка за еден од најголемите верски празници Велигден.
Не е некоја пензија, две средни пензии, меѓутоа едвај излегуваме на крај затоа што трошоците за ануитетите се многу скапи. За јадење нема да ми останат ни две илјади денари, а две илјади денари минимум давам за лекови што ги земам на рецепт, а каде се тие приватно што ги земам.

Се чини и тој ќе помине во атмосферата на секојдневни кратења и заштеди, едноставно затоа што бројките нè газат. Синдикатот неодамна објави дека на едно семејство му се потребни 32.000 денари за да ги подмири месечните трошоци за живот, која се разбира неколку пати ја надминува онаа која ја објавува заводот за статистика. Тоа би значело дека четири минимални или една и пол просечна плата се потребни за четиричлено домаќинство да го помине месецот, што во реалноста за некои од нив е дури и малку.
Илустрација.

Илустрација.


Имате вие семејства каде што 90 или 100 проценти од приходите одат или дури не стигнуваат за тие елементарни потреби и тие се оние категории коишто паѓаат под тој праг на апсолутна, односно и релативна сиромаштија.
„Не е некоја пензија, две средни пензии, меѓутоа едвај излегуваме на крај затоа што трошоците за ануитетите се многу скапи. За јадење нема да ми останат ни две илјади денари, а две илјади денари минимум давам за лекови што ги земам на рецепт, а каде се тие приватно што ги земам.“

„Јас и маж ми сме сами пензионери и имаме просечни пензии. Значи со штедење може да платиме струја и сметки, ама мојата фамилија, син, снаа со деца, тие не можеа да излезат на крај со парите што ги примаа“, велат анкетираните граѓани.

Минималната плата во Македонија изнесува 8.050 денари, а просечната околу 21.000. Според синдикатот, мал број од луѓето ја примаат просечната плата.

Половина од луѓето земаат околу 200 до 250 евра, вели социологот Илија Ацески. Се зголемува процентот на трошоци за елементарните потреби, вели Ацески.

„Пред сè за храна. На пример кај нас тоа е можеби 40 проценти. Сега имате вие семејства каде што 90 или 100 проценти од приходите одат или дури не стигнуваат за тие елементарни потреби и тие се оние категории коишто паѓаат под тој праг на апсолутна, односно и релативна сиромаштија.“

Педесет проценти од луѓето де факто значи дека живеат на прагот на сиромаштија, додава Ацески, а бројот на богатите е значително мал. Се намалува постојано и бројот на оние кои можат да си дозволат каков и да е луксуз, иако и таа граница на тоа што претставува луксуз постојано се поместува. Тешко е да се објасни, додава Ацески, како огромната нееднаквост не предизвикува потешки социјални проблеми и револт од оние кои се манифестираат.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG