Достапни линкови

logo-print

Престрелка на границата меѓу Авганистан и Пакистан


Еден авганистански граничар бил убиен, а тројца ранети при 6 часовната престрелка со пакистанските сили на границата меѓу двете земји. Авганистански претставници во источен Авганистан изјавија за Радио Слободна Европа дека авганистанските сили отстраниле еден контролен пункт поставен од Пакистан. Пакистанците, пак соопштија дека тројца негови војници биле ранети во престрелката, за која двете страни меѓусебно се обвинуваат. Кабул постојано бара отстранување на некои контролни пунктови на Пакистан, за кои тврди дека се на авганистанска територија.
XS
SM
MD
LG