Достапни линкови

logo-print

Десетици повредени и уапсени на протестите во Истанбул


Најмалку 25 лица се повредени, меѓу кои 22-јца полицајци и тројца цивили, а 72 се уапсени вчера во судирите меѓу илјадници демонстранти и полицијата во центарот на Истанбул, откако оваа недела властите не дадоа дозвола за организирање на традиционалниот првомајски собир на плоштадот Таксим. Меѓу повредените е и Ѓурсел Текин, потпретседателот на главната турска опозициска партија Народнорепубликанска партија (НРП), која е организатор на протестот во квартот Бешикташ. Текин е хоспитализиран, а како одговорни за тоа што се случило ги наведе „оние кои наредиле полицијата да употреби солзавец“. Изминатите три години беа одржувани протести на Таксим. На 1 мај 2010 година околу 200 илјади лица учествуваа во првите официјално одобрени демонстрации на Таксим во изминатите 30 години. Таквите настани беа забранети од 1977 година, кога во немири беа убиени 36 лица.
Турските власти ги забранија оваа година првомајските протести на Таксим, поради тоа што во тек е генерална реконструкција на плоштадот и оти во таквата ситуација не е можно да се гарантира безбедноста на луѓето.
XS
SM
MD
LG