Достапни линкови

Тројца обвинети за помагање на Царнаев се појавија пред суд


Тројца млади луѓе обвинети за попречување на истрагата за бомбашките напади за време на бостонскиот маратон, прв пат се појавија во судот во Бостон. Тројцата им беа предадени на американските власти и ќе бидат задржани најмалку до нивното следно појавување пред судот. Адвокатите на двајцата 19-годишни Казахстанци изјавија дека тие не се вмешани во нападите од 15 април во кои загинаа три лица.
Двајцата млади, кои се опишани како пријатели на осомничениот за нападите Џохар Царнаев, се обвинети за заговор за попречување на правдата.
Третиот осомничен, американскиот граѓанин Робел Филипос, е обвинет за давање лажна изјава на истрагата.
Тројцата се обвинети дека отстраниле ранец и лаптоп од собата на Царнаев во Универзитетот на Масачусетс во Дартмут.
XS
SM
MD
LG