Достапни линкови

Индиец осуден на смрт, убиен во пакистански затвор


Индискиот премиер Манмохан Синг побара „правда“ од Пакистан, во врска со смртта на еден индиски граѓанин во пакистански затвор.
Претходно, пакистанските државни медиуми јавија дека еден Индиец осуден на смрт поради шпионажа, починал откако бил тешко повреден во нападот од страна на други затвореници. Сарабџит Синг, кој минал 16 години во пакистански затвор, беше нападнат во петокот во затворот во градот Лахоре, по што беше хоспитализиран. Тогаш беше соопштено дека има сериозни повреди на главата од удари со тула.
Синг беше осуден на смрт поради неговата наводна улога во серија бомбашки напади во провинцијата Пенџаб во 1990 година, во кои загинаа 14 луѓе. Неговото семејство тврдеше дека тој е невин.
Барањето на Синг за помилување беше одбиено од поранешниот шеф на воената власт Первез Мушараф.
XS
SM
MD
LG