Достапни линкови

Осуден Американец во Северна Кореја


Властите на Северна Кореја објавија дека еден американски граѓанин уапсен во оваа земја, е осуден на 15 години затворска работа. Корејската Централна новинска агенција соопшти дека Американецот со корејско потекло Кенет Бае, е осуден поради „непријателски акти“ против комунистичкиот режим во Северна Кореја. Не се дадени други детали за наводните прекршоци.
Бае бил уапсен во ноември минатата година, кога влегол во севернокорејското пристаниште Расон. Според пријателите на Бае, тој бил тур-оператор.
САД побараа од Северна Кореја да го ослободи Бае од „хуманитарни причини“.
XS
SM
MD
LG