Достапни линкови

logo-print

Венецуела: опозицијата и формално ќе ги оспори изборите


Енрике Каприлес

Енрике Каприлес

Лидерот на опозицијата во Венецуела Енрике Каприлес се очекува денеска и официјално да ги оспори резултатите од минатомесечните претседателски избори, на кои тој беше поразен од Николас Мадуро. Каприлес, нарекувајќи ја владата на Мадуро нелегитимна, изјави дека ќе поднесе жалба до венецуелскиот Врховен суд.
Според официјалните резултати, Мадуро го победи Каприлес со разлика од 1,5 проценти на изборите кои беа одржани по смртта на претходниот претседател Хуго Чавез. Каприлес го обвини Мадуро, избраниот наследник на Чавез, дека победил со измама.
Во период на високи тензии во земјата, илјадници приврзаници на опозицијата и на владата вчера одржаа протести за одбележување на Меѓународниот ден на работниците.
XS
SM
MD
LG