Достапни линкови

На хартија одлична бизнис клима, во реалноста проблеми


Илустрација.

Илустрација.

Според извештајот „Дуинг бизнис“ на Светската банка, Македонија е на 23 место на листата од над 180 земји. Реалноста, пак, не е толку светла.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 30 степени. Ако ваквата временска прогноза е погрешна, тогаш најразочарани ќе бидат оние кои одлучија празниците да ги прослават под отворено небо. Погрешна прогноза за бизнис климата има посериозни последици, бидејќи наместо планови за излет, се губат пари. Минатата година евидентно е дека беше утната прогнозата за економскиот раст во земјава. Годинава се прогнозира позитивен раст на економијата во поволна бизнис клима, но колку прогнозите ја отсликуваат реалноста?
Она што според методологијата го мери „Дуинг бизнис“ е чисто формално правно, на хартија, постоење или непостоење на теоретски пречки за добро водење бизнис. Сега вие во закони и во подзаконски акти, како што е во Македонија, ги бришете тие пречки, ги немате, или, пак, уште повеќе, сте имале големи пречки, па се намалиле, што значи покажувате движење во насока на намалување на пречките, според методологијата, Дуинг бизнис ве оценува како добар реформатор.

Како и во изминативе неколку години, така и годинава како репер за бизнис климата во земјава се зема извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светската банка. Во извештајот за годинава, земјава се најде на 23 место на листата од над 180 земји, што за министерот за финансии Зоран Ставрески е потврда за владините реформи. Тој посочи дека Македонија е лидер за водење бизнис во регионот. Реалноста не секогаш ги рефлектира очекувањата, забележува универзитетскиот професор и член на СДСМ Ванчо Узунов.

„Она што според методологијата го мери „Дуинг бизнис“ е чисто формално правно, на хартија, постоење или непостоење на теоретски пречки за добро водење бизнис. Сега вие во закони и во подзаконски акти, како што е во Македонија, ги бришете тие пречки, ги немате, или, пак, уште повеќе, сте имале големи пречки, па се намалиле, што значи покажувате движење во насока на намалување на пречките, според методологијата, Дуинг бизнис ве оценува како добар реформатор.“

Праксата не се интересира за хартии и формални правила туку за суштинските случувања и реалниот живот, вели Узунов.
Што не значи дека нема области каде што треба уште позначителна интервенција да се направи. Во моментов, што се однесува до извештајот на Дуинг бизнис, мислам дека најлошо стоиме кај струјата, приклучок на компаниите на енергетската мрежа, тука треба владата да испреговара, приватен е кај нас операторот, дистрибутивната мрежа, да испреговара да се скратат тие времиња и процедури, и ликвидноста.

„Реалниот живот во Македонија покажува дека климата за деловно работење во Македонија е сè, само не добра, односно има уште многу, многу простор за подобрување и далеку од тоа дека треба да бидеме задоволни. Напротив, треба да бидеме многу загрижени дека во реалноста климата за водење бизнис не е добра“, вели Узунов,

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека бизнис климата од година в година се подобрува, со отстранување на административни и други фактори кои претставувале кочници.

„Што не значи дека нема области каде што треба уште позначителна интервенција да се направи. Во моментов, што се однесува до извештајот на Дуинг бизнис, мислам дека најлошо стоиме кај струјата, приклучок на компаниите на енергетската мрежа, тука треба владата да испреговара, приватен е кај нас операторот, дистрибутивната мрежа, да испреговара да се скратат тие времиња и процедури, и ликвидноста.“
Севкупната слика е сосема јасна. Мислам дека нема многу проблеми со буџетските бројки. Ако ги погледнете истите, како и бројките за задолженоста, мислам дека тие се сосема јасни. Но тоа се работи од големата слика. Можеме да го разгледаме буџетот и детално го разгледуваме буџетот, но увидот не го достигнува нивото на индивидуалните проекти.

Ликвидноста на стопанството не се подобрува, а влијание може да има и кризата во светската економија која тешко се надминува, вели Чекреџи.

„А и кај нас регулативата треба да претрпи порадикални промени, да се направи една реформа во платниот систем во која ќе се дисциплинираат компаниите во приватниот сектор, а и државата ќе се дисциплинира во плаќањето кон компаниите“, вели Чекреџи.

Во овој контекст, мисијата на Меѓународниот монетарен фонд ѝ порача на Владата да изготви тригодишна стратегија за управување со дефицитот и со долгот.

Поволната бизнис клима во теорија резултира со економски раст. Лани владините предвидувања за позитивен раст паднаа во вода откако домашната економија западна во рецесија. За годинава се предвидува 2-процентен раст кој освен владата го прогнозира и мисијата на Меѓународниот монетарен фонд.
Постојат дефицити во правната сигурност, пристап до финансиска поддршка од државата и средства од ЕУ, може тука да се каже во системот за јавни набавки, потоа бавниот процес на интеграција во ЕУ, потоа малите и средни претпријатија ја посочија ефикасноста на јавната администрација.

По последната посета, делегацијата на ММФ процени дека прогнозите за економски раст од 2 проценти се остварливи. За вицепремиерот Зоран Ставрески прогнозата е охрабрувачка, додека премиерот Никола Груевски изјави дека ММФ го кажал токму спротивното од тврдењата на опозицијата и нивни блиски медиуми, дека Македонија е презадолжена земја. Но врз каква основа ММФ ја даде својата проценка? Судејќи по изјавата на шефот на мисијата Александар Тиман, претставниците на меѓународната организација се соочиле со нетранспарентност.

„Сепак треба да постои транспарентност за приоритетите и во врска со тоа колку чинат работите. Мислам дека тоа е најважно, бидејќи без ваквата транспарентност за големите проекти, тешко е да се развие јавна дебата.“

Дополнително, Тиман изјави дека ММФ не се интересира за деталите, што го остава отворено прашањето врз што се базира проценката?
Владата треба да помага до одредена мерка во насока на развивање на нивните капацитети и олеснување на нивното работење, на создавање услови и во одредени кризни моменти да пружи помош или гаранција со цел да не пропадне бизнисот или да не влезе во една финансиска дупка. Но директно стимулирање и помагање и давање на работа не води кон бизнис модел и бизнис размислување.

Клучно прашање е дали предвидувањата на власта и на ММФ за раст од 2 проценти ќе се остварат како производ на развојот на стопанството во бизнис климата која се создава во земјава или, пак, како резултат на владиното трошење на народни и позајмени пари?

Тоа се двата фактори кои придонесуваат кон економскиот раст, објаснува Тиман. Во поглед на приватните инвестиции помагаат странските инвеститори, смета првиот човек на ММФ во Македонија. Вториот фактор е јавната потрошувачка, вели Тиман, но се чини дека тука се проблематизираат работите.

„Севкупната слика е сосема јасна. Мислам дека нема многу проблеми со буџетските бројки. Ако ги погледнете истите, како и бројките за задолженоста, мислам дека тие се сосема јасни. Но тоа се работи од големата слика. Можеме да го разгледаме буџетот и детално го разгледуваме буџетот, но увидот не го достигнува нивото на индивидуалните проекти“, рече Тиман.

Што сметаат странските инвеститори кои според странските организации ќе бидат носители на растот на БДП? Во македонските медиуми одекнаа најавите за зголемување на германските инвестиции годинава, но фирмите членки на Македонско-германското стопанско здружение излегоа и со забелешки кои ги презентира Матијас Ханел.
Навистина е индикативно што младите немаат пристап до финансии, тоа е едно, меѓутоа исто така е важно да напоменеме кои се според нив најголеми проблеми со кои се соочуваат водејќи го нивниот бизнис и најфреквентно како одговори се тешката наплата, високите даноци и престрогите закони, ограничување и контрола.

„Постојат дефицити во правната сигурност, пристап до финансиска поддршка од државата и средства од ЕУ, може тука да се каже во системот за јавни набавки, потоа бавниот процес на интеграција во ЕУ, потоа малите и средни претпријатија ја посочија ефикасноста на јавната администрација.“

Според резултатите на анкетата на здружението, 33 проценти од фирмите рекле дека ќе се зголемуваат вработувањата, наспроти 44 проценти кои сметаат дека нема да има промени. Повеќе од 20 отсто од анкетираните фирми очекуваат намалување на бројот на вработени.

Најголем дел од анкетираните странски стопанственици не очекуваат промена на бројот на вработени, а од друга страна се најавува зголемување на инвестициите. Останува да се види дали најавите за инвестиции ќе значат и придобивки за жителите на земјава. Ако странците не вработуваат, како дополнително потенцијално решение за 30-процентната невработеност често се презентираат самовработувањето и стимулирање на домашните фирми. Дали за постоечките бизниси има помош од владата и дали се финансираат нови проекти или се помага за санирање на долгови? На оваа тема проследете го разговорот со бизнис консултантот Синиша Пекевски.

РСЕ: Господине Пекевски, од една страна се проценува дека бизнис условите во Македонија се подобруваат, дека бизнис климата станува поповолна, додека од друга страна стопанствениците се жалат дека условите не им се толку добри. Како стојат работите, зошто постои оваа дискрапанца?

Генерално во Македонија условите за водење бизнис се подобруваат и тоа се гледа на секој чекор, но од друга страна менталитетот кај македонските бизнисмени доаѓа до израз, можеби тука е виновна и Владата на Република Македонија бидејќи во голем број на случаи таа им излегуваше во пресрет и им помагаше на различни начини. Наместо да ги стимулира да размислуваат во насока на својот бизнис, таа ги стимулираше со начин на помош и олеснување на нивното водење, преку субвенционирање, преку помагање со различни поволни кредити и донации се со цел да не влезат во некоја да не речам дупка.

РСЕ: Значи се инвестираше во санирање на текови проблеми?

Да, така би кажал. Повеќе во замачкување на очи, отколку во реално справување со нивните проблеми. Можеме да видиме дека цело време владата им укажува дека ако еден пазар се затвори, постои и друг пазар на кој можат да ги понудат своите производи или услуги, додека тие чекаат тоа некој друг да им го среди. Гледаме дека сега најавите за водење на бизнисот кон Источна Европа, пазарите како Русија, Украина, Белорусија кои се одлична можност, бидејќи и културата ни е блиска, но и поради тоа што можеме да бидеме конкурентни на тие пазари.

РСЕ: Дали во едно капиталистичко општество е примерно да се очекува дека владата наеднаш ќе влезе и сè ќе реши како проблем во стопанството?

Моето мислење е дека владата треба да помага до одредена мерка во насока на развивање на нивните капацитети и олеснување на нивното работење, на создавање услови и во одредени кризни моменти да пружи помош или гаранција со цел да не пропадне бизнисот или да не влезе во една финансиска дупка. Но директно стимулирање и помагање и давање на работа не води кон бизнис модел и бизнис размислување.

Задолжувањата да бидат профитабилни

Владата неодамна повторно се задолжи за поддршка на стопанството. Економистите често препорачуваат пласирање на кредити за фирми со развојни проекти, наместо подржување на тековни трошоци на заглавени компании, со цел да се исплати задолжувањето. Дали во услови на висока неликвидност на македонското стопанство е зголемен ризикот владата да фрла позајмени пари во оган?

Од теоретска и практична гледна точка секогаш е проблем да се изолираат проблемите на ликвидноста, вели д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии. Во услови на криза вреди да се подржуваат и развојни проекти и тековни трошоци, вели Глигоров.

„И едното и другото да кажеме е сигурно во кризна ситуација потребно доколку се работи, да повторам, за проблеми на ликвидност, а не се работи за поддршка на претпријатија кои практично се поедноставено речено во банкрот“, вели Глигоров.

Надежта за одржлив економски раст често лежи не само во постоечки ликвидни домашни фирми и странски инвестиции туку и во нови фирми кои на пазарот би понудиле профитабилни идеи. Двигатели на ваквите иновации во развиените општества се често млади високо образовани кадри, што судејќи по бројките, во Македонија не е случај. Бизнис климата се проблематизира кога наспроти прогнозите за нејзината поволност ќе се стават проценките дека педесет отсто од невработените во земјава се млади луѓе, според истражувањето на невладината „Реактор“ и Светската организација за труд.

Неда Коруновска од „Реактор“ забележува дека според емпириските проценки, недостига поддршка за младински старт-ап бизниси. Од 15 проценти вработени во истражувањето на организацијата, само една десетина биле самовработени.

„Она што ние ги прашувавме е дали работат профитабилно и беше позитивно што бизнисите на мнозинството работат профитабилно. Исто така ги прашувавме од каде им биле парите со кои го почнале сегашниот бизнис и скоро сите ги наведуваат сопствената заштеда, заштедата на другите членови на семејството или заем од роднини или пријатели.“

Ниту еден од анкетираните млади не посочи дека првичниот капитал го добил од владина субвенција или приватен заемодавач, вели Коруновска.

„Навистина е индикативно што младите немаат пристап до финансии, тоа е едно, меѓутоа исто така е важно да напоменеме кои се според нив најголеми проблеми со кои се соочуваат водејќи го нивниот бизнис и најфреквентно како одговори се тешката наплата, високите даноци и престрогите закони, ограничување и контрола“, вели Коруновска.

Поволната временска прогноза, посебно за празниците речиси секогаш резултира со полни паркови и распалени скари. Останува да се види дали поволните предвидувања и проценки за бизнис климата во земјава ќе резултираат со повеќе пари, нови вработувања и нови бизниси.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG