Достапни линкови

Тесен простор за нова опозициска партија


По сè погласните најави на дел од опозициските политичари кои беа исклучени од СДСМ дека ќе формираат нова партија, се поставува прашањето дали има простор за нова опозициска партија на македонската политичка сцена.

Има ли доволно простор во опозицијата за нова левичарска партија која ќе дејствува опозициски и ќе биде коректор на власта? Ова прашање се поставува по сè погласните најави на дел од опозициските политичари кои беа исклучени од СДСМ дека формираат нова партија. Лидерот на ЛДП и градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе биде објавено в недела, вели дека не гледа шанса ни за формирање на граѓанска опција, ниту, пак, за нова понуда во опозицијата.

Нова понуда во опозицијата, уште помалку гледам такво нешто, затоа што оние играчи на политичката сцена коишто се спомнуваат како евентуални фактори околу кои ќе се создаде некоја нова партија се веќе истурени играчи, и јавноста знае, на владејачката гарнитура и тоа е всушност еден проект на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нова понуда во опозицијата, уште помалку гледам такво нешто, затоа што оние играчи на политичката сцена коишто се спомнуваат како евентуални фактори околу кои ќе се создаде некоја нова партија се веќе истурени играчи, и јавноста знае, на владејачката гарнитура и тоа е всушност еден проект на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Жерновски.
Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски.


Тој додава дека тоа се однесува на сите кои одработуваат туѓа агенда и не ги доживува сериозно.

Во меѓувреме, градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски кој пред изборите беше исклучен од СДСМ вели дека опозицискиот простор не е исполнет.
СДСМ не успева соодветно да парира на државните политики и дека понудата на граѓаните навистина е оскудна, нè поттикнуваат на размислување за отворање на нов политички субјект, но во секој случај не се исклучува и таква можност.

„СДСМ не успева соодветно да парира на државните политики и дека понудата на граѓаните навистина е оскудна, нè поттикнуваат на размислување за отворање на нов политички субјект, но во секој случај не се исклучува и таква можност“, вели Јакимовски.

Аналитичарот Алајдин Демири вели дека политичкиот простор во Македонија е мал за повеќе партии и сè повеќе се профилира двопартискиот систем. Тој додава дека причините за најави на нови опции во опозицијата ги гледа во незадоволството на политичарите кои се исклучени од СДСМ по еден или друг основ.

„Овие фрустрирани или, пак, незадоволни политичари мислам дека може да направат солидна партија, но таа солидна партија не би била респектабилна од едноставна причина што електоратот е веќе подвоен. Тие може да направат партија, но нема каде да собираат гласови, затоа што тие луѓе немаат електорат, немаат база на гласачи. Структурата на гласачите е веќе профилирана и да не кажам слепо гласа за едните или за другите.“

Демири не се согласува дека власта може толку дрско и безобразно да плаќа луѓе за да прави опозициска партија со цел да ја ослаби досегашната опозицијата. Но за таквите ставови во јавноста виновни се самите политичари кои се однесуваат како трансферирани политичари, а тоа е дел од македонската психологија, односно неуспехот да се бара кај другите, објаснува Демири.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG