Достапни линкови

logo-print

Вучиќ-договорот со Косово мора да се спроведе


Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави денеска дека бриселскиот договор со Косово мора да се спроведе, бидејќи го потпишале премиерот Ивица Дачиќ и го прифатил Парламентот и дека Србите од северот на Косово не сакаат рефернедум на кој би требало да се изјаснат за него. Тој порача дека прашањето е како да се спроведе договорот во согласност со народот, а не против негова волја.
Вучиќ најави дека во наредната недела ќе го посети Косово. Според него, Србија ќе направи се за да добие датум за преговори со ЕУ без да ја сруши својата државност.
XS
SM
MD
LG