Достапни линкови

Уште еден маж се самозапали во Бугарија


Еден 47-годишен маж денеска се самозапали во бугарскиот град Смољан. Началникот на полицијата во Смољан, Кирил Хаџихристев изјави дека Венцислав Козарев е префрлен во болница во критична состојба, бидејќи се здобил со изгореници од трет степен на повеќе од 70 отсто од телото.
Според Хаџихристев, причина за самозапалувањето се „лични проблеми“, имајќи предвид дека жртвата бил во период на развод. Ова е седми случај на самозапалување од февруари досега.
XS
SM
MD
LG