Достапни линкови

Путин го додели орденот „Херој на трудот“


Медалот „Херој на трудот“

Медалот „Херој на трудот“

Рускиот претседател Владимир Путин го додели орденот „Херој на трудот“ за прв пат од распадот на Советскиот сојуз во 1991 година. Наградата им беше доделена на пет лица на церемонија во Санкт Петербург во знак на одбележување на 1 мај, меѓународниот ден на трудот.
Путин повторно ја воведе наградата во март со цел да се подигне свеста во јавноста за чесната работа. Орденот во форма на златна ѕвезда изгледа како копија на медалот кој им бил доделуван на советските работници.
XS
SM
MD
LG