Достапни линкови

Кој во Сирија употребил хемиско оружје?


Сиријската влада и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за наводните хемиски напади во март годинава во Алепо и претходно во декември во Хомс. Во меѓувреме, на Кипар веќе е подготвен тим на Обединетите нации кој треба да спроведе истрага за ова прашање.

Сиријскиот амбасадор во Обединетите нации Башар Џафари ги повтори повиците на неговата влада Светската организација да испрати експерти, кои инаку сега чекаат на Кипар, да ги испитаат нејзините наводи дека бунтовниците употребиле хемиско оружје во Алепо.

„Сиријската влада се уште е подготвена да прими истражувачки тим и тоа во наредните помалку од 24 часа“, изјави Џафари.

Сирија сака тимот на Обединетите нации да го истражи само нападот во Алепо, но генералниот секретар Бан Ки-мун е за истрага и на нападот во Хомс. Токму ваквото несогласување е пречка за испраќање на експертите во Сирија.
Ако на крајот избрзаме со пресудата без ефективни докази, тогаш можеме да се најдеме во позиција во која не ќе можеме да ја мобилизираме меѓународната заедница да го поддржи она што го правиме. Ако преземеме таква акција може да има приговори, дури и кај некои во регионот кои ја поддржуваат опозицијата во Сирија.

Џафари обвини дека во понеделникот бунтовниците употребиле хемиско оружје и во северниот град Сарагеб. Тој додаде дека Соединетите Држави и Британија продолжуваат да ја клеветат владата во Дамаск.

„Сиријската влада секогаш нагласувала и во Дамаск и тука во Њујорк, дека нема да употреби, ако воопшто поседува, хемиско оружје против сопствениот народ.“

Претходно, американскиот претседател Барак Обама изјави дека постојат докази дека за време на двегодишниот конфликт во Сирија било употребено хемиско оружје. Но, тој беше претпазлив околу наводите кога и кој го сторил тоа.

Обама повтори дека токму употребата на хемиско оружје е елементот што ќе ги смени правилата на играта, додавајќи дека секој одговор мора да биде заснован врз факти.

Се разбира постојат земји и надворешни играчи кои не исклучуваат никакви средства за да го урнат сирискиот режим. Сепак, прашањето за оружје за масовно уништување е премногу сериозно и тоа не треба да стане предмет на игри. Било какви шпекулации на сметка на ова прашање заради геополитички цели се неприфатливи.
„Ако на крајот избрзаме со пресудата без ефективни докази, тогаш можеме да се најдеме во позиција во која не ќе можеме да ја мобилизираме меѓународната заедница да го поддржи она што го правиме. Ако преземеме таква акција може да има приговори, дури и кај некои во регионот кои ја поддржуваат опозицијата во Сирија.“

Обама обелодени дека побарал од Пентагон да подготви, како што рече, спектар на опции во случај да се докаже дека претседателот Башар ал-Асад употребил хемиско оружје врз цивили.

Шефот на американскиот Генералштаб Мартин Демпси им изјави на новинарите дека војската е подготвена за секаква наредба во врска со Сирија.

Весникот „Вашингтон пост“ во вторникот објави дека Обама размислувал да испрати оружје за сиријските бунтовници.

Пред прес-конференцијата на Обама во Вашингтон беше соопштено дека тој за ситуацијата во Сирија телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин. Притоа тие се согласиле да продолжат консултациите меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји Џон Кери и Сергеј Лавров.

Веднаш потоа руското министерство за надворешни работи најави дека Џон Кери на 7 и 8 мај ќе престојува во официјална посета на Москва. Лавров и Кери минатата недела во Брисел разговараа за Сирија по што рускиот министер изјави:

„Се разбира постојат земји и надворешни играчи кои не исклучуваат никакви средства за да го урнат сирискиот режим. Сепак, прашањето за оружје за масовно уништување е премногу сериозно и тоа не треба да стане предмет на игри. Било какви шпекулации на сметка на ова прашање заради геополитички цели се неприфатливи“, рече Лавров.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG