Достапни линкови

Приведени 15 лица за недозволена трговија со икони


Македонското Министерство за внатрешни работи спроведува акција против недозволена трговија со културно-историското наследство, при што се приведени 15-тина лица. Како што потврдуваат од МВР, меѓу приведените имало и две лица вработени во Управата за заштита на културното богатство. Апсења се спроведуваат низ повеќе градови во земјава, но главно во Скопје и во Кавадарци. Според првичните информации, во домовите на приведените пронајдени се поголем број артефакти и икони.
XS
SM
MD
LG