Достапни линкови

logo-print

Одбојкарите за прв пат со странски селектор


Во конкуренција на неколку кандидати, за нов селектор е избран Бугаринот Николај Жељасков, екс селектор на младата репрезентација на нашиот источен сосед и стручњак кој работел во повеќе клубови во Бугарија и Италија.

На нецел месец пред стартот на квалификациите за Светското првенство во Полска, Одбојкарската федерација на Македонија реши да направи смена на селекторската позиција во машката репрезентација. Во конкуренција на неколку кандидати, за нов кормилар е избран Бугаринот Николај Жељасков, екс селектор на младата репрезентација на нашиот источен сосед и стручњак кој работел во повеќе клубови во Бугарија и Италија. Позитивните резултати во тие средини, беа доволна препорака за негово ангажирање во нашиот национален тим, кој, за првпат добива селектор странец.
Управниот одбор се реши на една промена да видиме дали човек од страна кога ќе дојде, дали може поголем максимум да извади од актуелниот играчки кадар што во моментов е на располагање. Некоја наша проценка е дека сепак таа репрезентација нема достигнато свој зенит, дека има уште потенцијал во нив. И само од таа причина направена е оваа измена и на селекторската позиција за прв пат во историјата на македонската одбојка застанува еден странски тренер, еминентно докажано име.

Оваа промена, според генералниот секретар на федерацијата, Зоран Карановиќ, не е поради незадоволство од четиригодишната работа на досегашниот селектор Александар Тасевски, туку за да се добие одговор на прашањето дали со странски тренер можеме да постигнеме подобри резултати.
Зоран Карановиќ, генерален секретар на македонската одбојкарска федерација.

Зоран Карановиќ, генерален секретар на македонската одбојкарска федерација.


„Управниот одбор се реши на една промена да видиме дали човек од страна кога ќе дојде, дали може поголем максимум да извади од актуелниот играчки кадар што во моментов е на располагање. Некоја наша проценка е дека сепак таа репрезентација нема достигнато свој зенит, дека има уште потенцијал во нив. И само од таа причина направена е оваа измена и на селекторската позиција за прв пат во историјата на македонската одбојка застанува еден странски тренер, еминентно докажано име“, рече Карановиќ.

Имајќи предвид дека на двапати досега игравме бараж за ЕП, тоа би значело дека од Жељасков се бара пласман на врвните натпреварувања. Карановиќ не крие дека целта е Еуро во 2015-та, за што добредојдени ќе бидат претстојните мундијалски квалификации и настапот на Медитеранските игри во јуни.
Сега за овој циклус на квалификации да направиме една позитивна атмосфера, еден победнички дух во репрезентација и да сè тоа го спакуваме и да наредната година на квалификациите за Европското првенство пробаме да го достигнеме оној таргет што ни е запишан во нашата агенда, а тоа е завршница на едно Европско првенство.

„Сега за овој циклус на квалификации да направиме една позитивна атмосфера, еден победнички дух во репрезентација и да сè тоа го спакуваме и да наредната година на квалификациите за Европското првенство пробаме да го достигнеме оној таргет што ни е запишан во нашата агенда, а тоа е завршница на едно Европско првенство“, додаде Карановиќ.

Првиот тест за ваквите амбиции, националниот тим ќе го има на турнирот кој во последниот викенд од месецов (24-26 мај), ќе се одржи во Скопје или во Велес. Таму, во конкуренција со Украина, Црна Гора и Албанија треба да го освоиме првото место за влез во финалната битка за мундијалска виза, закажана за јануари наредната година, или, пак, како втори да стигнеме до октомврискиот втор филтер. Во федерацијата се убедени дека имаме сили за таков подвиг, иако само една селекција има послаб рејтинг од нас.

„Апсолутни фаворити се Украина. Нашите стари муштерии Црна Гора се рамо до рамо до нас и како некако таргетирано најслаба репрезентација во група е Албанија. Искрено се надеваме дека би можеле со една добра атмосфера, со еден позитивен резултат да направиме некој исчекор, да нашата репрезентација ја однесеме во наредна фаза на квалификации, а тоа значи освојување или на прво или на второ место“, истакна на крајот Зоран Карановиќ.

Инаку, официјалната промоција на селекторот Николај Жељасков е закажана за утре, кога ќе стартуваат и тринеделните подготовки за мундијалскиот квалификациски турнир. Репрезентацијата 10 дена ќе работи во Крушево, од каде што ќе замине за Ровињ. Таму за пет дена ќе одиграме три контролни дуели со Хрватска, а на враќање кон Македонија, во Оџак, националниот тим ќе има уште два теста со селекцијата на Босна и Херцеговина. Завршните подготовки, од 20-ти до 24-ти мај ќе се одржат во Скопје или во Велес.
XS
SM
MD
LG