Достапни линкови

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на трудот


Во Македонија денеска се одбележува 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“ на Меѓународниот ден на работничката борба повикуваат на голем протест за социјална правда и работнички права. Според „Солидарност“ и натаму продолжува кршењето и кратењето на правата на македонските работници додека синдикалните лидери седат во своите фотељи, работниците живеат се потешко. Сојузот на синдикати на Македонија пак, продолжува со формирање локални економско социјални совети. Ваквиот начин на одбележување на 1 Мај, Сојузот на синдикатите го практикува од 2010 година кога ја започна кампањата за зголемување на членството.
XS
SM
MD
LG