Достапни линкови

logo-print

ЕУ најави акција по уривањето на зградата во Бангладеш


Европската унија изрази длабока загриженост за условите на работа во Бангладеш откако во уривањето на една зграда загинаа неколку стотици текстилни работници. Во изјавата се прецизира дека Унијата ќе преземе акција за замрзнување на некои трговски олеснувања за Бангладеш. Европската унија му е најголем трговски партнер на Бангладеш. Во меѓувреме, бројот на загинатите од уривањето на зградата порасна на 413 лица. Повеќе од 600 луѓе и осум денови по несреќата се водат како исчезнати. Зградата била изградена нелегално, а во неа се шиела облека за компании во Европа и Канада. Тоа беше трета слична несреќа во Бангладеш во изминативе шест месеци.
XS
SM
MD
LG