Достапни линкови

Борусија Дортмунд прв финалист


Борусија од Дортмунд се пласира во финалето на Лигата на шампионите, иако вечерва во Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналето беше поразена од Реал со 2:0. Решавачка беше победата на германскиот претставник на првиот меч во Дортмунд со 4:1. Вечерва головите за Реал ги постигнаа Карим Бензема во 83-та и Серхио Рамос во 88-та минута.
Утревечер се игра реваншот од второто полуфинале, во кој се среќаваат Барселона и Баерн. Во првиот меч во Минхен победи Баерн со 4:0.
Финалето на Лигата на шампионите се игра на 25 мај на Вембли во Лондон.
XS
SM
MD
LG