Достапни линкови

logo-print

Еден чекор поблиску до целта


Александар Гочев, граѓанска иницијатива АМАН.

Александар Гочев, граѓанска иницијатива АМАН.

На денешен ден пред точно девет месеци во Македонија се случи АМАН. Горд сум на целата инциијатива, горд сум на сите оние 13.169 граѓани кои имаа храброст да излезат и да се поддржат самите себе, за подобар и поквалитетен животен стандард, да се побунат за високите сметки за струја, парно, гориво, пишува Александар Гочев од граѓанската иницијатива АМАН во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

На денешен ден пред точно девет месеци во Македонија се случи АМАН. Се случи едно граѓанско движење кое поради молчењето и на власта и на опозицијата, на невладините и на синдикатите мораше да излезе низ улиците ширум Македонија и да и покаже на власта, но во исто време и на опозицијата дека во оваа наша држава сепак постои народ, односно граѓани кои не можат повеќе да опстојат не можат да обезбедат ни корка сув леб, а немо и послушно да ја гледаат власта како се расфрла со народните пари.

Сега, девет месеци потоа слободно можам да кажам дека направивме голем чекор, направивме огромно поместување на работите, успеавме да артикулираме незадоволство кај повеќе од петнаесет илјади граѓани, успеавме да извадиме во еден ден ширум Македонија повеќе од десет илјади граѓани низ улиците.
Сега, девет месеци потоа слободно можам да кажам дека направивме голем чекор, направивме огромно поместување на работите, успеавме да артикулираме незадоволство кај повеќе од петнаесет илјади граѓани, успеавме да извадиме во еден ден ширум Македонија повеќе од десет илјади граѓани низ улиците.

Горд сум на целата инциијатива, горд сум на сите оние кои учествуваа во АМАН како активисти и поддржувачи, горд сум на сите оние тринаесет илјади сто шеесет и девет граѓани кои имаа храброст да излезат и да се поддржат самите себе, за подобар и поквалитетен животен стандард, да се побунат за високите сметки за струја, парно, гориво...

Горд сум на самиот себе затоа што бев еден од оние кои успеаа да одржат една ваква граѓанска иницијатива да опстои, да биде 9 месеци помеѓу живите, горд сум што во ниту еден момент, ниту јас, ниту луѓето во оваа иницијатива не потклекнаа на заканите, притисоците и уценети испратени од се уште непознати лица на службите.

Ќе ми дозволите една кратка ретроспектива да направам на се она што се случуваше со АМАН: никогаш досега самоиницијативно од страна на граѓаните не се случил социјален протест во Македонија со повеќе од десет илјaди луѓе низ улиците. Покажавме пред граѓаните дека парламентарците не ги интересира воопшто за животот на граѓаните. Четири пати доставуваме писма до нив за надзорна расправа за работењето на регулаторна комисија за енергетика, последниот пат на најбезобразен начин по интерпелација во Собранието ги чекавме да излезат пратеници и лично на рака да им ги предадеме писмата, бидејќи претходно собраниските служби случајно не можеа да им ја најдат трагата на писмата, што на крај од кој знае каде се појавија.
Без разлика на тоа што АМАН не успеа досега да имплементира барем едно од барањата, можам да констатирам дека граѓанскиот активизам во Македонија е на чекор поблиску до целта, на чекор поблиску до остварување на барање произлезено од граѓаните.

Во оваа активност можам да кажам дека бевме до некаде успешни, добивме ветување од пратениците на опозицијата дека ќе побараат надзорна расправа, но нели се случи 24 декември и се остана така само на неколку редови муабет.

По иницијатива на Хелсиншкиот комитет за човекови права беа откриени единаесет незаконски одлуки на Регулаторната комисија, беше покрената иницијатива за измени на Законот за енергетика за која собравме повеќе од тринаесет илјади потписи. Застанавме со безрезервна поддршка на сите поднесени инцијативи до Уставниот суд за струјата и парното кои беа поднесени од повеќе личности и организации се со цел да се избориме за она што сме го зацртале и сето тоа според мене резултираше со конечното демаскирање на Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика, Министерството за економија и пратениците од владејачкото мнозинство дека барем за момент кога на граѓаните им беше најтешко да преживеат никој од погоре споменатите не помисли на нив.

Без разлика на тоа што АМАН не успеа досега да имплементира барем едно од барањата, можам да констатирам дека граѓанскиот активизам во Македонија е на чекор поблиску до целта, на чекор поблиску до остварување на барање произлезено од граѓаните. Секој притисок кон институциите е еден голем плус повеќе на граѓанското конто. Граѓаните сплотени можат само да ги освестат институциите и власта.

Граѓаните сплотени успеаја да го покажат синхронизираното владеење на извршната, законодавната и судската власт. Граѓаните покажаа дека имаат сила да се борат самите за себе.

Оваа иницијатива, ќе повторам, е успех за нашето општество. Се надевам дека граѓаните ќе продолжат и натаму да се борат за подобро утре, за самите себе и за нивните поколенија. Граѓаните кога тогаш ќе покажат дека позната реплика кога е потребна и функционира:

ГРАЃАНИТЕ СПЛОТЕНИ НИКОГАШ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОРАЗЕНИ!!!
XS
SM
MD
LG