Достапни линкови

Српските власти не постигнаа договор со косовските Срби


Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Без договор заврши средбата на српскиот премиер Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ со Србите од северниот дел на Косово. Претседателот на Српскиот национален совет, Милан Ивановиќ изјави дека приоритет треба да и се даде на одлуката на Уставниот суд за договорот, па потоа евентуално да се разговара за референдум.
Според него, тие во овој момент сметаат дека референдумот не е најдобра опција. Тој најави дека разговорите со Дачиќ и Вучиќ продолжуваат и следната средба ќе се одржи на 7 мај.
XS
SM
MD
LG