Достапни линкови

Русија-осудени обвинетите за смртоносниот пожар во Перм


Анатоли Зак

Анатоли Зак

Судот во рускиот град Перм го осуди на 9 години затвор и 10 месеци сопственикот на ноќниот клуб во кој во 2009 година изби пожар. Анатли Зак и уште четворица негови соработници беа прогласени за виновни за убиство. Двајца припадници на локалната дирекција за противпожарна заштита беа осудени за небрежност на четири до пет години затвор.
Во пожарот во ноќниот клуб во Перм загинаа 156 лица, а десетици беа повредени. Истражителите соопштија дека несреќата била предизвикана од огномет.
XS
SM
MD
LG