Достапни линкови

Нова рекордна невработеност во еврозоната


Евростат соопшти денеска дека невработеноста во еврозоната достигнала ново рекордно ниво. Според податоците, невработеноста во земјите-членки на еврозоната во март изнесувала 12,1 отсто, односно 19,2 милиони лица.
Грција е на првото место со невработеност од 27, 2 проценти. По неа следува Шпанија, која е четвртата по ред најголема економија во еврозоната, каде без работа е 26,7 проценти од населението. Најмала стапка на невработеност има во Австрија и Германија.
XS
SM
MD
LG