Достапни линкови

logo-print

Вооружена група го опколила министерството за правда во Либија


Либиските власти и сведоци соопштија дека зградата на министерството за правда е опколена од вооружена група на мажи во пикап камиони. Во неделата и министерството за надворешни работи беше блокирано. Тие бараат од Парламентот да биде усвоен предложениот закон со кој се забранува службеници кои работеле за поранешниот диктатор Моамер Гадафи да извршуваат вискои владини функции. Националниот конгрес поради инцидентот ја одложи денешната седница.
XS
SM
MD
LG