Достапни линкови

Европски Суд: случајот Тимошенко е нарушување на човековите права


Европскиот суд за човековите права во Стразбур пресуди денеска дека притворот на поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко пред и за време на судењето за злоупотреба на службена должност било политички мотивирано кршење на нејзините човекови права. Поранешниот украински премиер Тимошенко беше еден од клучните лидери на про демократската Портокалова револуција во 2004 година. Таа е осудена на седум години затвор во октомври 2011 година за надминување нејзините премиерски овластувања во врска со договорот за гас со Русија.
Тимошенко смета дека владата на претседателот Виктор Јанукович го лажира нејзиниот случај и оти ја држи во нехумани услови. Тимошенко се соочува со низа здравствени проблеми. За украинската влада наводите се неосновани. Нејзиниот случај ги залади односите меѓу Украина и западните земји кои сметаат дека станува збор за политички мотивиран случај.
XS
SM
MD
LG