Достапни линкови

logo-print

Емирот од Катар купил 6 грчки острови во Јонско Море


Емирот од Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани

Емирот од Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани

Емирот од Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани купил шест грчки острови, лоцирани во Јонското Море, пишува лондонски „Гардијан“. Според весникот, Грција на оваа приватна зделка на емирот од Катар гледа како на можност оваа земја во Персискиот Залив, богата со нафта и гас, да помогне во извлекувањето на грчката економија од кризата.

Катар би требало да биде во „пакетот“ од меѓународни инвеститори кои треба да вложат околу една милијарда евра, што би помогнале за спасување на Грција, но и за релаксирање на состојбата во целата еврозона.

Во Грција се верува дека присуството на Катар во новите инвестирања во грчката економија, би можеле да ги повлечат и другите светски финансиери да вложуваат во земјата.
XS
SM
MD
LG