Достапни линкови

Вилем Александер е новиот крал на Холандија


Холандската кралица Беатрикс денеска официјално абдицира во корист на нејзиниот најстар син Вилем Александер, кој стана прв крал по 120 владеење на кралици во земјата.
Во нејзинот проштален говор таа изрази надеж дека новиот крал со посветеност ќе ја извршува својата работа и оти ќе ја ужива истата народна подршка како и таа. Кралицата која има 75 години беше носител на круната цели 33 години.
На официјалната церемонија присуствуваа многу преставници на кралски семејства, меѓу кои и британскиот принц Чарлс и јапонскиот принц наследник Нарухито.
10 илјади униформирани полицајци се грижат за редот и мирот на прославите во Амстердам.
XS
SM
MD
LG