Достапни линкови

Мието бил зачуден дека на Македонците им требале визи за Мексико


Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Мексико имаше средба со претседателот на Мексико Енрике Пења Мието кој истовремено е и претседател на Владата, со кој разговарале за повеќе теми поврзани со политичките и економските односи меѓу двете земји.

„Меѓу останатото, побаравме тие да ги укинат визите за нашите граѓани бидејќи сега се уште има визи. Тој беше зачуден дека се уште останале визите за македонските граѓани, така што очекувам во наредниот период дека ќе започне процедурата за укинување на визите. Ние веќе го завршивме нашиот дел, ги укинавме визите за граѓаните од Мексико“, изјави македонскиот премиер по средбата и додаде дека со Пења Мието развоварале и за економската соработка, како и за соработка во рамките на ОН.

„Тој се интересираше за нашите состојби во Македонија и пред се за нашите релации за членството во НАТО и ЕУ. Од тој аспект му ги кажав состојбите и приликите што Македонија ги има и со предизвиците со кои се соочува за членство во НАТО и во ЕУ.“

Премиерот Груевски ја предводи владината делегација која е во политичко - економска посета на Мексико, а претходно беше и во Аргентина и Бразил.
XS
SM
MD
LG