Достапни линкови

Нежна верзија на Отоманската империја на Балканот


Истанбул.
Истанбул.

Турција го освои Балканот пред пет векови со сила. Сега турската моќ влегува во регионот на попријателски начин. Ова се наведува во написот на Вашингтон пост за зголеменото турско влијание, особено во Босна и Херцеговина.

Турските инвестиции се проширија на Балканот, дури и во Хрватска и Србија, каде што повеќето жители се христијани и кои на султаните од Истанбул се уште гледаат како на окупатори, а не како на ослободители. Турција исто така помогна во посредните разговори меѓу лутите непријатели на Балканот.
Турците се привлечени да дојдат тука, бидејќи веруваат дека Босна, и покрај сите нејзини проблеми, ќе влезе во Европската унија пред Турција. Токму во тоа го гледаат мостот меѓу двете земји.
Мухамед Хаџиабдиќ, ректор на едно од двете турски училишта во Сараево.

Ова растечко присуство во регионот и отвори на Турција широко поле за влијание во Европа во време кога се намалени изгледите на таа земја да стане членка на Европската унија.

„Турските лидери работат на нова Отоманска империја, понежна“, вели за „Вашингтон пост“ Амир Зукиќ, шеф на дописништвото на турската агенција Анадолија во Сараево, додавајќи дека Турција се обидува да се врати во регионот на голема врата.

„Турците се привлечени да дојдат тука, бидејќи веруваат дека Босна, и покрај сите нејзини проблеми, ќе влезе во Европската унија пред Турција. Токму во тоа го гледаат мостот меѓу двете земји“, оценува Мухамед Хаџиабдиќ, ректор на едно од двете турски училишта во Сараево.

За исламистите враќањето на Турција на Балканот е исполнување на амбициите. Но, така не мислат и Србите и Хрватите кои се уште не ја забораваат нивната борба за ослободување во 19 век.
Есад Хечимовиќ, уредник на сараевската приватна телевизија ОМТ.
Според него, Турците ја сакаат Босна.

„Таа е европска, но се уште им мириса како дома“ вели тој.

Во неговото училиште каде што образованието е на англиски јазик, 65 насто од учениците се дојдени од Турција и велат дека би сакале да останат во регионот.

Турската експанзија во регионот, како што се оценува во написот на „Вашингтон пост“, доаѓа откако долготрајниот сон на таа земја за влез во Унијата станува се подалечен.

Западните сили, особено Германија, се загрижени дека над 74 милиони Турци би можело да ја преплават Европа во потрага по работа.

Многумина официјални европски претставници, според „Вашингтон пост“, се прашувале дали оваа муслиманска земја воопшто може да и припаѓа на Европа. Но, Босна, секако е во Европа.

„За исламистите враќањето на Турција на Балканот е исполнување на амбициите. Но, така не мислат и Србите и Хрватите кои се уште не ја забораваат нивната борба за ослободување во 19 век“, наведува уредникот на сараевската приватна телевизија ОМТ Есад Хечимовиќ.

Сепак, и Србија и Хрватска ги поздравија турските инвестиции во регионот. Турција беше трет најголем инвеститор во Хрватска во минатата година, а турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се залага за потесни врски со Србија која долго време и беше ривал на неговата земја.

Напорите на Балканот и дадоа на Турција нова позиција за економски раст особено ако се имаат предвид етничките насилства што ја зафатија соседната Сирија. Многумина на Балканот мислат дека тие се само дел на патот кон повисоки турски цели, се заклучува во текстот објавен во весникот „Вашингтон пост“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG