Достапни линкови

САД реагираат за настаните пред МВР во Триполи


Либискиот премиер Али Заидан

Либискиот премиер Али Заидан

САД изразија вознемиреност поради инцидентите пред Министерството за внатрешни работи на Либија во Триполи. Лица вооружени со анти-авионски пушки ја блокираа зградата во неделата. Тие бараат од Парламентот да биде усвоен предложениот закон со кој се забранува службеници кои работеле за поранешниот диктатор Моамер Гадафи да останат на работа.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека таквата акција се спротивна на принципите на демократијата за која опозициските сили се бореа во 2011 година. Либискиот премиер Али Заидан го осуди нападот.
XS
SM
MD
LG