Достапни линкови

Кипар гласа за спасувачкиот пакет


Кипарскиот парламент денеска треба да гласа за меѓународниот спасувачки пакет од 23 милијарди евра. Според договорот, треба да има големо оданочување на штедните влогови над 100 илјади евра во двете најголеми кипарски банки. Тоа беше клучниот услов кредиторите да се согласат да му позајмат на Кипар 10 милијарди евра за да избегне банкрот. Ниту една партија нема мнозинство во 56-члениот кипарски парламент. Владата смета на поддршка од пратениците од трите партии од десно-центристичката владејачка коалиција која вкупно има 29 пратеници.
XS
SM
MD
LG