Достапни линкови

Бан Ки-мун го осуди бомбардирањето во Дамаск


Првиот човек на ОН Бан Ки-мун го осуди како „терористички напад“ вчерашното бомбардирање во Дамаск, главниот град на Сирија, чија цел беше премиерот Ваил ал-Халки. Сириската државна телевизија објави дека премиерот излегол неповреден од нападот, но дека загинале шестмина луѓе. Во изјава за сириската државна новинска агенција САНА, ал-Халки вели дека нападот е знак на неуспех на „терористичките групи“, како што владата ги нарекува бунтовниците што се борат за соборување на претседателот Башар ал-Асад. Бомбата одекна во центарот на Дамаск, кој се смета за безбедна зона и каде што се сместени голем број владини објекти и домовите на високи функционери.
XS
SM
MD
LG