Достапни линкови

logo-print

Обама и Путин ќе соработуваат повеќе по нападите во Бостон


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин изјавија дека нивните две земји ќе ја зголемат соработката во областа на безбедноста и разузнавањето по бомбашките напади на Бостонскиот маратон. Двајцата претседатели вчера разговарале по телефон. Белата куќа соопшти дека Обама изразил благодарност за блиската соработка со Русија по нападите. Осомничените за нападите потекнуваат од руската република Чеченија која се наоѓа на Северниот Кавказ, немирна област со претежно муслиманско население. Путин и Обама се обврзале двете земји да работат заедно на одржување на безбедноста за време на Зимските олимписки игри што во 2014 година ќе се одржат во рускиот град Сочи. Обама исто така ја истакнал загриженоста на САД поради хемиското оружје во Сирија. САД добиле разузнавачки информации за наводна употреба на хемиско оружје од страна на сириската влада. Претседателот Обама изјави дека тоа ќе има „огромни последици“ за сирискиот режим.
XS
SM
MD
LG