Достапни линкови

Притисок врз Сирија да прифати истрага за хемиско оружје


Сирискиот претседател Башар ал-Асад .

Сирискиот претседател Башар ал-Асад .

Белата куќа го зголемува притисокот врз сириската влада да му дозволи на тимот инспектори на ОН да извршат истрага за наводите за употреба на хемиско оружје. Сирискиот претседател Башар ал-Асад побара инспекција од ОН по обвинувањата од бунтовниците дека владата извршила хемиски напад. Сепак, Асад одби да им дозволи влез на инспекторите поради тоа што тие побараа пристап во владините објекти. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вчера побара од режимот на Асад да ги пушти инспекторите во земјата. Тој рече дека на инспекторите им треба пристап за „веродостојна и сеопфатна истрага“. Тимот инспектори е предводен од шведскиот научник Аке Селстром. Сириската влада и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат дека користеле хемиско оружје во борбите во градот Алепо минатиот месец. Шефот на ОН рече дека инспекторите исто така треба да ги испитаат наводите за употреба на хемиско оружје во Хомс во декември.
XS
SM
MD
LG