Достапни линкови

Арапските земји прифакаат „мали“ промени во границите со Израел


Арапските земји соопштија дека би можеле да прифатат „мали“ промени во границите со Израел од 1967 година. Зборувајќи во име на шесте арапски држави, премиерот на Катар, Шеик Хамад Бин Јасем Ал Тани изјави дека делегација на Арапската лига ја прифатила можноста за меѓусебно договорена и „споредлива“ размена на територии меѓу Израелците и Палестинците. Тој ова го изјави по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери во Вашингтон. Кери врши притисок врз арапските лидери да прифатат модифицирана верзија на нивната Арапска мировна иницијатива од 2002 година како дел од новите напори за воспоставување мир на Блискиот Исток. Според договорот, Израел ќе биде признаен од сите арапски земји ако се повлече во своите граници од пред 1967 година.
XS
SM
MD
LG