Достапни линкови

logo-print

САД - Кошаркар јавно призна дека е хомосексуалец


Кошаркарот на НБА тимот Вашингтон Визардс, 34-годишниот Џејсон Колинс е првиот активен машки спортист од една од четирите професионални лиги - во кошарка, американски фудбал, бејзбол и хокеј, што јавно призна дека е хомосексуалец. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека тоа е храбра одлука и дека Белата куќа го поддржува Колинс. Тој изрази надеж дека и колегите на Колинс ќе му дадат поддршка. Претседателот Барак Обама во предизборната кампања за вториот мандат минатата година соопшти дека поддржува истополови бракови. Првата дама Мишел Обама преку твитер му честиташе на Колинс.
XS
SM
MD
LG