Достапни линкови

Испраќачот на отровни писма до Обама изведен пред суд


Човекот обвинет дека им испраќал смртоносни писма што го содржеле отровот рицин на претседателот Барак Обама и на други високи американски функционери вчера беше изведен пред суд. Обвинетиот 41-годишен Еверет Дучке беше уапсен во саботата во сојузната држава Мисисипи на југот на САД. Обвинетиот, кој е инструктор по боречки вештини, е обвинет за развој и поседување на рицин и за обид да го искористи како оружје. Дучке отфрла каква било вмешаност во испраќањето на писмата и рече дека соработувал со федералните власти за време на претресот. Ако биде осуден, тој се соочува со доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG