Достапни линкови

logo-print

Серија бомбашки напади во Ирак


I

I

Најмалку 36 луѓе загинаа во серија на експлозии на автомобил бомби во претежно шиитските области на Ирак, соопшти полицијата. Според полициски извори во експлозии на две автомобил бомби во југоисточниот град Амара загинале 18 луѓе, а 42 се повредени. Во експлозија во Диванија загинале 9 луѓе, а 23 се повредени, во експлозија во Карбала загинале тројца, а 14 се повредени, а при експлозијата во Махмудија загинале 6 луѓе. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите. Од минатата недела до сега во Ирак се убиени повеќе од 200 луѓе, откако безбедносните сили се судрија со сунитски демонстрантите во северниот дел на земјата.
XS
SM
MD
LG