Достапни линкови

Апсење и заплена на оружје по насилствата во Ксинџијанг


Полицијата во Кина уапсила 19 луѓе вмешани во минатонеделните смртоносни судири во проблематичниот регион Ксинџијанг. Покрај тоа полицијата запленила домашен експлозив и оружје. Минатата недела во судирите меѓу жителите и официјалните лица беа убиени 21 човек, од кои 15 полицајци. Тоа беше најкрвавото насилство од 2009-та во тој регион, кога загинаа речиси 200 луѓе. Ксинџијанг е регион кој граничи со Централна Азија, Авганистан и Пакистан, и е дом на милиони Ујгури кои се жалат на строгите ограничувања од страна на Пекинг.
XS
SM
MD
LG