Достапни линкови

Пирати киднапирале пет морнари во Нигерија


Пирати киднапирале пет морнари на нафтен брод на брегот на Нигерија во јужниот дел на земјата. Меѓународната поморска организација соопшти дека вооружени пирати провалиле во бродот. Нападот се случил во петокот, но јавноста дури денеска била известена.
Руската амбасада во Нигерија соопшти дека еден од киднапираните е нивен државјанин. Другите биле од Мјанмар и Шриланка. Киднапирањата на работници во нафтениот сектор на Нигерија е во раст, а заложниците најчесто се пуштени на слобода по исплаќањето на откупот.
XS
SM
MD
LG